Возилата кои се отклучуваат без клуч не се безбедни колку што веруваме

0 коментари 1 мин. читање

Стотици различни модели на возила кои корисникот може да ги отклучи само со близина на клучот се подложни на кражба. Ford Fiesta, Volkswagen Golf, Nissan Qashqai и Ford Focus се подложни на овие напади.

Овие возила се отклучуваат автоматски кога клучот е во близина и корисникот ќе ја потегне кваката. General German Automobile Club анализираше 237 возила без клучеви и сите освен 3 се подложни на напади, пренесе BBC. Единствените три безбедни возила ги произведува Jaguar Land Rover, и се Discovery, Range Rover и I-Pace.

Крадците на автомобили користат електронски уреди, своевиден калауз за овие возила, кои ги залажуваат возилата дека клучот е во близна. Кражбата на возила во Велика Британија е помала денес отколку во 1990 година. Сепак последните години е во пораст, а експертите сметаат дека причината за ова се проблемите со безжичното отклучување.

„Новите возила се побезбедни од било кога. Новата технологија помага да се намалат кражбите. Помалку од 0,3% од возилата се крадат. Криминалците постојано ќе бараат нови начини за кражба на возила; ова е постојана борба и главна причина зошто производителите инвестираат милијарди за пософистицирани безбедносни решенија“, вели Мајк Хокс претставник на Здружението на производители на моторни возила.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед