5 коментари 1 мин. читање 23 јули, 2012

ИТ настан: Прв собир на корисници на Instagram во Скопје

Kако дел од светскиот ден на собири на корисниците на Instagram, во четврток на 26 jули 2012 година, во 17:30 часот во Зоолошката градина во Скопја ќе се одржи и првиот собир на „инстаграмџии“ од Македонија.

Несомнено е дека сите заинтересирани кои ќе дојдат на дружењето ќе имаат одлична прилика да направат прекрасни фотографии од животните и посетителите на Зоолошката градина. Сите тие фотографии, како и информации за настанот може да ги следите преку локалниот хаш-таг @InstameetSkopje, или пак да ги следите интернационалните настани преку хаш-тагот #Instameet на Twitter.

Instagram е популарна мобилна апликација за iOS и Android преку која скоро 50 милиони корисници споделуваат фотографии кои се уредени со бројни филтри. Две години стариот Instagram со само 14 вработени од пред некоку месеци беше купен од Facebook за неверојатни 1 милијарда долари.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Дragan
Дragan
13 years ago

– Колклу тежи еден хипстер?
– 1 ig (еден инстаграм)

onomono
onomono
13 years ago

хипстеррама

Мартин
Мартин
13 years ago

Да си прашам јас едно нуб(ско) прашање..
Како да инсталирам инстаграм ? Неможам да го најдам на андроид маркет.

Darko
Darko
13 years ago
Reply to  Мартин

You can run Instagram on any camera phone with Android 2.2 or above with support for OpenGL ES 2*. http://instagram.com/press/

Мени
Заедница
Изглед
To top