5 коментари 1 мин. читање

Симнете ги сите видеа со Direct YouTube Downloader

DirectYoutubeDownloader е алатка изработена од MajorShare која ви овозможува истовремено да симнете повеќе содржини т.е. видеа од YouTube. Иако сме навикнати најголем дел од менаџерите за симнување содржини да се вградуваат во прелистувачот, Direct Youtube Downolader е самостојна апликација.

Најголема предност на софтверот треба да биде можноста да симнувате цели канали од YouTube, без разлика дали тоа е канал од ваши омилени видеа или препорачан канал од YouTube. Сепак не е се како што изгледа, ако некое од видеата не е поставено како глобална, тогаш интегрираниот плеер нема да го отвори. Сепак ова не е забрана за симнување на видеата, па откако ќе завршите ќе можете да го отворите со вашиот омилен софтвер за видео репродукција.

Квалитетот на видеата кој можете да гo одберете пред да ги симнете е од 240p, па се до 720р. Истотака, видеата можете  да ги симнувате и единствено како аудио фајлови, но и да ги конвертирате за iPhone, iPad, iPod, Sony PSP и PS3, Kindle Fire, Samsung Galaxy и многу други.

Посебна замерка, во текот на инсталацијата, како најголем дел од сличниот софтвер и овој ќе се обиде да ви „прошверцува“ сопствен пребарувач и тулбар.

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top