0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Пријави го твојот стартап на Seedcamp мини-настани во Белград и Хвар

Во потрага по нови јужно-источни европски стартапи, лондонскиот стартап акселератор Seedcamp закажа два мини-настани во Белград на 18-ти мај, и во Хвар на 13 јуни. Настаните се можност за сите локални стартапи да го привлечат вниманието на инвеститорите, и стартап заедницата, и секако да добијат шанса да се натпреваруваат на поголеми натпревари ширум Европа и светот. Фондот на Seedcamp изнесува околу 120 милиони долари, а во нивното портфолиo имаат над 100-тина стартапи, меѓу кои спрскиот TruckTrаck и хрватските Teddy the Guardian и Farmeron.

Белградскито Seedcamp настан ќе биде дел од Startit Fest, петдневниот регионален фестивал за стартапи, на кој се поканети стартапи, медиуми и инвеститори од цела Европа, пишува Startit.rs. Засега аплицирањето е отворено за настанот во Белград, а наскоро ќе биде и за мини-настанот во Хвар, Хрватска.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top