Скопскиот хаклаб КИКА се сели на нова локација. Затоа на 24-ти ноември во 18:30 се организира собир на кој што се поканети сите заинтересирани. Принципот е „bring and share your own booze“, велат од хаклабот КИКА.
Хаклабот кој беше отворен пред две години е идеја на членовите на Слободен софтвер Македонија и претставува таканаречена „технолошки автономна зона“.
„Од тогаш се случија многу работи, научивме многу, многу нови луѓе и се приклучија на локалната заедница и почнаа да придонесуваат со правење на многу кул ствари и она што можеби е најбитно од се за иднината, најдовме нов и поголем простор со подобри услови каде што ќе можеме да продолжиме да работиме на сето она што го правевме во последните 2 години.“, велат од хаклабот.
Иако активностите на хаклабот се врзани со електроника и слободниот софтвер, истиот е отворен за сите заинтересирани кои не се „компјутерџии“, но сакаат да споделуваат идеи и знаење.
„Се надевам дека новиот хаклаб (како и стариот) ќе продолжи да привлекува млади луѓе, ентузијасти заинтересирани за технологија, програмирање, уметност, слободна култура и сл. и дека во него и понатаму ќе се оддржуваат интересни настани, ќе се креира корисен софтвер и дека со се она што го работиме ќе придонесеме за зголемување на знаењето на младите и дека ќе ги заинтересираме да дадат свој придонес за општеството преку нивното вклучување во некој проект кој што е слободен софтвер.“, вели Арангел Ангов, член на Слободен софтвер Македонија.
„Со новиот хаклаб различно ќе биде тоа што ќе имаме три посебни простории, една за електроника и хардвер, една за редовните работилници и презентации плус доста голема кујна со трепезарија каде што понекогаш ќе можеме да хакираме и храна. Идејата ни е да можат да се оддржуваат повеќе независни настани, на пример додека има работилница за Arduino во хардверската соба, паралелно можеме да држиме некоја презентација поврзана со развој на некој софтвер или рандом да хакираме секој на својот проект во соседната просторија. Се на се новиот простор е скоро дупло поголем од стариот и условите се генерално многу подобри од она што го имавме во старата зграда на некогашниот геоинститут.“
Секој чест дечки, Продолжете така
Имав чуено дека најпознатата хакерска група се вика Анонимус… и никој не знае каде се. Сега се распрашав и ми кажаа дека хакерите се делеле на бели и црни т.е. мејнстрим и андерграунд… чудно како вам не ви е познато
Повели Пане, прочитај ако те интересира – http://wiki.spodeli.org/%D0%A5%D0%B0%D0%BA%D0%B5%…
Хакерите никогаш не биле илегала, Пане. Имаш смешано некои термини.
хакерите едно време беа илегала и не ја откриваа својата локација… сега вака како мејнстрим некако повеќе би одговарал термин хеклаб… клуб за хеклање :)