На 23-24 ноември во Холидеј Ин во Скопје се одржува е-Општество. Меѓународната конференција организирана од фондацијата Метаморфозис се одржува по седми пат, а овојпат темата ќе биде „ИКТ и животната средина: Приказна за отпадот“.
Конференцијата е поделена на два дела: првиот ден се одржуваат предавањата и дискусијата за предизвиците и најдобрите практики за справување со е-отпад, еколошки ИТ решенија, меѓусекторска соработка за поеколошко општество и други слични теми. Вториот ден се одржуваат работилници за „зелена“ канцеларија и креативна реупотреба на е-отпад. Целата агенда на настанот ќе ја најдете тука.
Оваа година конференцијата е поддржана од Европската унија, во рамки на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.
Ќе има и журка!
„е-журка? ЖУРКА Е!“ е настан во склоп на меѓународната конференција е-Општество. Журката под мотото „рециклирај, реупотреби“ се случува во МКЦ на 23.11.2011 и започнува во 20:30 часот.
„Со звуците на Далибор Дадоф (DJ set) & Влатко (percussion) & Игор Стефановски (live saxophone) да ја продолжиме приказната за помалку електронски отпад и да покажеме дека се грижиме за средината во која сите живееме.“, се вели на Facebook поканата.