Најавен е нов Silicon Drinkabout Skopje на кој ќе продолжи дружењето помеѓу стартапите, претприемачи, инвеститори, ентузијасти и сите кои сакаат да помогнат да се направи една заедница на иновативни компании кои ќе ја стават Македонија на стартап мапата. Ок, не мора да им вршиме толкав притисок на оваа мала група луѓе, но веруваме дека понекогаш имаат навистина добри идеи, и дека можат со вакви настани да охрабрат развој на стартап култура и креативно претприемаштво во земјата.
„На Балканот Silicon Drinkabout се одржува само во два града, меѓу кои веќе е и Скопје. Идејата зад македонскиот настан е преку Silicon Drinkabout Skopje да ја поддржиме македонската стартап заедница, како и да им помогнеме на компаниите побрзо и полесно да се запознаат со млади ИТ специјалисти, стартап ентузијасти и специјалисти по дигитални технологии“, вели Ева Пиперевска, еден од организаторите на настанот.
Silicon Drinkabout Skopje се одржува секој петок. Четвртото дружење започнува во 21 часот во винотеката Темов. Најавете се на Facebook.







