0 коментари 1 мин. читање

Devialet Phantom е уникатен, ексклузивен и неверојатно гласен звучник

Devialet Phantom е звучник кој освен по моќноста од конкуренцијата се разликува и по уникатниот дизајн. Наместо стандарниот изглед на коцкасти пакувања, Devialet Phantom доаѓа во многу покул позаболено куќиште.

Изгледот не ја намалува функционалноста и моќноста на овој футуристички звучник, кој доаѓа во две верзии – 3000W со јачина до 105db и верзија од 750W со јачина од 90db. Двете верзии се скапи и доаѓаат за 2.400, односно 2000 долари. Уредите се поврзуваат преку Wi-Fi или Bluetooth, а можат да бидат впарени/поврзани 24 звучници, дополнително звучникот може да се поврзе и со телевизор преку оптички аудио кабел.

Devialet Phantom е всушност составен од 5 звучници, еден високотонес, 2 средни и 2 сабвуфери. Дополнително во пакувањето се сместни и четири појачала. Фекфентниот опсег на Devialet Phantom е од 16Hz до 25.000KHz и според компанијата звукот е идентичен во секој правец.

„Го ставивме Devialet во канцеларијата и откако го поврзавме преку Wi-Fi пуштив дабстеп. Кога е тивок звучникот нема разлика со останатите звучници. Но веќе на половина од моќноста луѓето во концеларијата започнаа да рипаат од масите. на тричетвртини ѕидовите започнаа да се тресат, и доволно луѓе ме гледаа попреку па морав да го исклучам.“, вели Ден Саиферт од Verge кој можеше ексклузивно да го тестира Devialet Phantom.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top