0 коментари 2 мин. читање 4 јули, 2014

ИТ настан: Најавен е нов Dotа 2 турнир за играчи од Македонија, Србија, Бугарија и Турција

Нов DotA 2 турнир е најавен за август, а квалификациите започнуваат веќе следниот викенд. Организатор на турнирот е GEMplay и овој натпревар е дел од GEMplay Challenge серијата, но за разлика од претходно, наградниот фонд на овој турнир е поголем. Турнирот ќе опфати четири региони: Македонија, Србија, Бугарија и Турција, 32 тима од овие региони ќе се борат за учество во финалето кое на 22 август ќе се одржи во спортската сала во Стојаково.

Пријавувањето за турнирот трае до 13 јули, а натпреварите започнуваат веќе на 14 јули. За учество во квалификации овојпат на тимовите ќе им бидат потребни 10 ретки предмети од играта и се разбира да го потврдат своето учество со испраќање на потребните податоци во порака на Facebook групата Dota 2 Macedonia. На победниците од квалификациите, во финалето ќе им се приклучат тимовите iT, SMT, SBB, CSports и GC кои директно се пласираат во финалето. За учеството во финалето тимовите ќе треба да уплатат 3.000 денари, а наградниот фонд за првите три места на финалето е 120.000 денари.

Турнирите во DotA 2 се се по популарни во светот на е-спортот. Турнирот организиран од Valve годинава се игра за рекорден награден фонд од 10 милиони долари со што поминаа најголем дел од спортовите. Турнирот е делумно финансиран од виртуелните влезници.

[youtube]ceXZ-thXmRI[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top