Кодирањето можеби е една од најважните вештини мора да ги познавате денес, иако за добар дел од луѓето програмирањето останува енигма. Дел од проблемот е што едукацијата останува сложена за новите „ученици“ кои немаат никакво претходно искуство. За да го реши тоа, Џон Дакет ја издаде книгата JavaScript & JQuery, која е наменета за сите, и која Gizmodo ја прогласи за „најубав начин да научите да програмирате“. Книгата е наменета за сите кои сакат да ги направат своите веб сајтови поинтересни, поинтерактивни или покорисни. Наменета е за луѓе кои немаат или сè уште немаат диплома од компјутерски науки. Javascript & JQuery, визуелизирајќи најразлични теми и области, го олеснува нивното разбирање. Книгата чини 23 долари и е достапна на Amazon.
Оваа книга за JavaScript & JQuery е „најубавиот начин да научите да програмирате“
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови