0 коментари 2 мин. читање 27 мај, 2014

ИТ настан: На КулТИП ќе се приближат технологијата и културата

Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство и British Council се организиратори на КулТИП, предизвик кој треба да покаже како новите технологии и иновациии може да им помогнат на културните институции и во нивното управување и развој на публиката.

Целта на предизвикот освен воведување на технологија во културните установи е и приближување на претприемаштвото и технологијата со културата, но и да овозможи соработка помеѓу стартапи, студенти и културните институции. Услови за учество на КулТИП е најмалку еден од учесниците во тимот да е вработено во музеј или слична културна институција.

Пријавувањето е веќе завршено, а сега до 30 мај треба да бидат одберени најветувачките решенија. Учесниците на најдобро рангираните 4-6 тима ќе добијат четири дневна обука за креативно претприемништво која ќе се одржи во Скопје кон крајот на јуни. Пријавени се 17 проекти кои можете да ги видите на страната на КулТИП. По обуката тимовите ќе излезат со финалното решение па од финалистите ќе биде одбран еден проект кој ќе добие финансиски средства да биде реализиран за предложената институција.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top