2 коментари 2 мин. читање 13 март, 2015

ИТ настан: MobileFirstMK ќе стартува со домашни говорници

На 4 април Унверзитетот ФОН ќе биде локакција на која ќе се офжи првата конференција во Македонија посветена на развивање на мобилните апликации. MobileFirstMK е наменета за сите кои сакаат да го унапредат своето знање за мобилната технологија, без врска на платформата. Ќе се зборува за дизајн, програмирање и маркетинг на Apple iOS, Google Android и Windows Phone апликации.

Конференцијата е поделена на неколку делови во кои ќе бидат опфатени првин развојот на мобилните апликации. Повеќето се македонски експерти, креатори на популарни апликации или дизајнери, иако има гостин и од Хрватска. тоа што може да се забележи од програмата е дека ќе има интересна тема за секој. Покрај Лука Абрус, извршен директор на Five, кој настапува и како спонзор на настанот, со свои говори ќе се претстават и Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата Мој Воздух; Стефан Цветановски, софтверски инженер во Tabletmenukaart.nl; Александра Христов, дизајнер во Netcetera; и
Дарко Булдиоски, ко-основач на стартапот BuzzBase.Me. Покрај предавањата, предвидена е панел дискусија за насоките во кои се движи оваа индустрија.

Билетите веќе се пуштени во продажба, по цена од 490 денари за студенти, 690 денари за карти купени до 22 март и 990 денари по ова.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
нико
нико
11 years ago

Лука Абрус спонзор на настанот, а велзница 990 ко на Мадона на концерт да си отишол, абре македонче.

Jovan
Jovan
11 years ago

Give me a break. Od odlicna ideja vo losa realizacija. Kaj gi najdovte govornicite?
Steta a mozese da bide dobar nastan

Мени
Заедница
Изглед
To top