Мicrosoft Macedonia организира серија настани преку која ќе ја претстави Windows Azure платформата преку која може да се креираат и менаџираат апликации во облакот. Во моментот се најавени настани за 18, 19, 20 и 21 март. Петтиот настан кој ќе се оддржи на ФИНКИ сè уште нема закажан датум.
Иако темата е иста – ќе се претстави Windows Azure платформата – сите настани ќе имаат различни предавања кои ќе вклучуваат практични презентации со реални примери за Azure и облакот. Пример, на првиот настан, закажан за 18-ти март, ќе има предавања за основните концепти на платформата, до користење на Windows Azure виртуелни машини како и моделите на апликации за мигрирање на работата од работното место во облакот со Iaas. На вториот настан ќе се дискустира за поврзување на Windows Store Apps со мобилните сервиси на Windows Azure преку Visual Studio 2012. Ќе се дискутира и за како да се искористи платформата за хостирање на сајтови во облакот на Microsoft.
Распоредот на настаните, како и формите за регистрација ќе ги најдете на официјалниот сајт. Според Microsoft, oвие настани се наменети за технички одлучувачи вклучително CTO, технички директори, софтверски архитекти, систем инженери и програмери. Присутните треба да се вработени во фирми или индивидуалци кои веќе креираат софтверски продукти или сервиси.