Dropbox објави дека го купи мобилниот имејл клиент Mailbox бидејќи се „заљубивме во апликацијата“. Mailbox се појави пред еден месец за iPhone и веднаш доби добри критики од разни ИТ блогови бидејќи го олеснува филтрањето на мејлови на мобилните уреди. Апликацијата е дизајнирана да биде продуктивна на мобилните телефони со интересни опции кои реагираат на интуитивни движења. Сервисот сега процесира 60 милиони пораки секој ден.
Тимот од 14 развивачи на Mailbox ќе се префрли кај Dropbox за да му помогнат на популарното веб складиште да ги „реши скриените проблеми и да ги проманат работите кои што ги правиме секој ден“. Оваа веб складиште нуди закачување на фајлови, фотографии и видеа во облакот со пристап од било кој компјутер или мобилен уред. Договорот меѓу двата сервиси е Mailbox да продолжи да се развива самостојно, барем додека не дојде моментот да се интегрира во Dropbox кој има над 50 милиони корисници.
„Dropbox не ви ги заменува фолдерите на вашите хард дискови; туку ги прави подобри. Истото важи и за Mailbox, кој не ви го заменува имејлот; туку го прави подобар. Дали е вашиот Dropbox или вашиот Mailbox, сакаме да најдеме начин за ви го поедноставиме животот.“
"самостално"
До кога бе друже…?