2 коментари 2 мин. читање 15 март, 2013

Поевтиниот iPhone ќе има 4-инчен екран како петката, и ќе биде направен од „супер-тенка“ пластика?

Се чини дека прашањето веќе не е дали ќе има поевтин iPhone, туку кога ќе се појави тој уред, и што ќе биде разликата од поголемите модели? Според аналитичарот Мин-Чи Кјуо, за кого TechCrunch вели дека е релевантен предвидувач кој погодил куп работи за стратегијата на Apple, поевтиниот iPhone можеби ќе има екран со иста големина од 4-инчи како што има и iPhone 5.

Но, разликата меѓу двата iPhonе-и, освен послабите хардверски перформанси, ќе биде во тоа што поевтиниот iPhone ќе биде направен од „супер-тенка пластика измешана со стаклено влакно“ наместо алуминиум. Оваа хибридна пластика е доста издржлива и нуди полесен и потенок дизајн за уреди, но во исто време може да се избои, што значи дека е отворена можноста да видиме iPhone-и во различни бои.

Притисикот за поевтин iPhone доаѓа од конкурентната Android платформа која стана најкористена платформа благодарение на евтините телефони, често и два пати поевтини од iPhone. Иако Apple вели дека нема да направат ништо што ќе го уништи позитивното искуство кои корисниците го имаат со iPhone, сепак компанијата има реални шанси да го освои тој „mid-range” пазар бидејќи евтините Android телефони не се баш најквалитетните уреди и често се заглавени во фрагментацијата на платформата, односно производителите претставуваат евтини уреди кои не можат да се надоградат во најновите верзии на Android. Според г. Кјуато, Apple ќе може да оствари 11 милијарди долари приходи на евтини уреди.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
petar pan
petar pan
13 years ago

od 750 na 650 evra poevtinuvanje…..

ДедоМраз
ДедоМраз
13 years ago

А самите тврдеа дека нема да има поефтин ајфон :глававѕид:

Мени
Заедница
Изглед
To top