ИТ Настан: Креирајте ја иднината на мобилното банкарство со Солвео и Охридска Банка Сосиете Женерал

во feature, ИТ.МК

Солвео и Охридска Банка Сосиете Женерал организираат хакатон во кој учесниците ќе може да ја покажат својата визија за иднината на мобилното банкарство. OBSG BUZZ Hackathon има и награден карактер.

На апликациите ќе работат тимови, но ова секако не значи дека сите мора да дојдат со сопствен тим. Заинтересираните може да дојдат сами, а потоа уште при почетокот на хакатонот ќе бидат распределени во некој од тимовите.

„Мобилното банкарство станува неизоставен дел од нашето секојдневие. Брзиот развој на новите технологии води кон проширување на можностите за интеракција и кон пошироко користење на банкарските услуги. Очигледна е потребата за воведување на иновации во мобилното банкарство и во начинот на интеракција на банките со сегашните и идните корисници. Целта на овој предизвик е да пронајдеме и креираме нови начини на интеракција на Банката со корисниците“, велат организаторите.

Можност за учество ќе имаат 50 талентирани и амбициозни  ќе имаат можност да ја креираат иднината на мобилното банкарство. Хакатонот ќе трае 54 часа, и ќе се одржи од 30 ноември, до 2 декември. Учесниците ќе треба да направат истражување на постоечки мобилни апликации низ светот и анализа на дигиталните трендови на мобилното банкарство. Со оглед на тоа дека настанот го опрганизира Охридска банка, не е изненадување што ќе треба да се направи и анализа на постоечката апликација на ОБСГ и да се разгледаат потенцијални можности за подобрување.

Хакатонот ќе се одржи од 30.11.2018 до 02.12.2018 во просториите на Инофеит. Заинтересираните може да се пријават со пополнување на следната форма. Повеќе податоци за хакатонот може да пронајдете тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments