Соединетите Американски Држави, Русија и Кина не го потпишаа меѓународниот договор се кој се креира рамка за сајбер безбедност. Договорот е под покровителство на францускиот претседател Емануел Макрон и неколку технички компании помеѓу кои и Microsoft, Google и Facebook.
Договорот треба да биде пандан на Женевската конвенција за интернет. Со него ќе се креираат некакви меѓународни норми и закони за онлајн безбедноста и користењето на онлајн напади во случај на војна. Точки од интерес се и онлајн цензурата и говорот на омраза. Нацртот на договорот го изработија техничките компании, а Франција како покровител додаде совети од експертите на обединетите нации. Франција на овој договор имаше блиска соработка со Microsoft, вели Wired.
„Во моментов интернет е управуван од заедница на приватни технички компании. Но никој не го регулира ова. Сега, кога половина од човештвото е онлајн, потребен е нов начин за организирање на интернет.
Во спротивно, интернет како што го знаеме денес, слободен отворен и безбеден ќе биде оштетен од новите закани“, вели г. Макрон.
За жал изостана поддршка од најверојатно најголемите чинители во овој простор САД , Русија и Кина. Договорот не го потпиша ниту Израел, но и помали држави со сајбер одделенија во армиите како Северна Кореја и Иран.
Сепак ако поддршката не дојде од државите, доаѓа од компаниите. Microsoft, Facebook, Google, IBM и HP ја дадоа својата поддршка. Договорот го потпишаа и Kaspersky Lab и групацијата Charter of Trust предводена од Siemens.