0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Ќе се дизајнираат Snapchat филтри за Македонија

Snapchat е следното големо нешто меѓу друштвените мрежи, со над 100-тина милиони активни корисници дневно. Апликацијата е навистина заразна бидејќи видеата и фотографиите постојат најмногу 24 часа, па мора постојано да проверувате доколку не сакате да пропуштите ексклузивна содржина.

Меѓу популарните содржини се и фотографиите кои се тагираат со геофилтри со кои се споделува локацијата меѓу корисниците. На пример, ако сте во Скопје може да се фотографирате и да одберете уникатен стикер кој го прикажува духот на градот за да го додадете на вашата фотографија, и да им покажете на пријателите каде сте. На пример, еден од трите геофилтри за Скопје го има единствениот Камени мост. Но, во моментот постојат само три геофилтри за Скопје. Затоа е организиран настан на кој се повикани дизајнери, цртачи и креативци да изработат уникатни стикери за цела Македонија.

Еден од ретките геофилтри за Скопје.
Еден од ретките геофилтри за Скопје.
Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top