Apple одби да oтвори backdoor во iOS по барање на FBI

Apple ги одби барањата на Федералното истражно биро (FBI) за пристап до податоците од телефонот на Саид Ризван Фарук, напаѓачот кој уби 14 луѓе во Сан Бернандино на 2-ри декември. FBI побара експертиза од Apple да им помогне да ја отстранат заштитата на телефонот со намера да приберат повеќе информации за терористичкиот напад. Според сознанијата на бирото, Фарук го заштитил својот телефон со лозинка од 4 карактери за чие пробивање се потребни 10.000 комбинации. Сепак доколку се обидат со овој метод ќе имаат 10 обиди пред iPhone да се блокира комплетно и да ги избрише податоците. Бирото бара од Apple да креираат нов (помошен) оперативен систем без заштита, кој ќе го инсталираат на телефонот. Но, и да им помогнат со изработка на софтвер за пробивање на лозинката.

Но, компанијaта одби да одговори на барањето, и поднесе жалба до американски суд велејќи дека „барањето е без преседан“ бидејќи импликациите ќе бидат подолгорочни од актуелниот случај. Apple го одби барањето, иако барем засега останува нејасно дали воопшто Apple може да изведе нешто вакво, или телефонот ќе ги избрише податоците при инсталирање на нов оперативен систем. Креирањето на ваков оперативен систем ќе ја намали безбедноста на сите iOS корисници, а компанијата без сомневање е во право што го одбива барањето. Apple соработува со сите владини агенции кога доаѓаат со легални барања и налози, но овој пат одбиваат соработка.

„… FBI бара од нас да креираме нова верзија на оперативниот систем за iPhone, да заобиколиме неколку клучни безбедносни функции и да го инсталираме на телефонот. Во погрешни раце ваков софтвер кој не постои денес би имал потенцијал да отклучи било кои телефон доколку имаат физички пристап. Федералното истражно биро можеби користи други зборови за да ја објасни оваа алатка, но бидете без забуна – креирање на ваква алатка креира „backdoor” во iOS. Иако владата ќе каже дека ќе биде користена во ограничен број на случаи не постои начин ова да се контролира“, вели директорот на Apple, Тим Кук, во јавно писмо.

Поддршката пристигна и од најголемиот конкурент на Apple. Директорот на Google, Сундар Пичај, ја искажа поддршката на Apple на Twitter.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] во САД побараа пристап и „задна врата“ до iOS.  Apple тогаш одби да го овозможи ова, нo агенцијата стигна до податоците од телефонот на […]

trackback

[…] во САД се води битка помеѓу Apple и FBI за отклучување на податоците, британските власти […]

trackback

[…] со отклучувањето на iPhone телефонот на убиецот од Сан Бернандино продолжува. Неочекувано […]

trackback

[…] знаете за битката помеѓу Apple и FBI, во која Apple одби да отвори backdoor на својот iOS. Но, дали […]

ит кариера

Data Masters

Data Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk