0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Inventures.eu нуди краудфандинг награди за најдобрите проекти

Inventures.eu, во соработка со куп краудфандинг експерти, нуди вредни награди од вкупно 5.000 долари и менторство за најдобрите проекти кои ќе се пријават на нивниот повик. Рокот за пријавување е до 28-ми февруари, а идејата зад повикот е да се промовира краудфандингот како алатка за собирање на пари за стартапи и други проекти, односно самите корисници на кои им се допаѓа проектот инвестираат во него, наместо да се бркаат традиционалните инвеститори. Inventures.eu ветува дека проектите ќе имаат шанса да влезат во неколку работилници и ќе добијат менторство и краудфандинг консултации од луѓе зад успешни проекти, како и попусти за кампањи на неколку краудфандинг сервиси.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top