Volvo ќе пушти стотина автономни автомобили на јавни патишта

во Свет

До крајот на 2017 година Volvo ќе започне со тестови на автономни возила на јавните сообраќајници. Компанијата најави тестови со стотина автомобили кои ќе бидат пуштени во сообраќај во Готенберг, Шведска, но бидејќи ова е прв ваков тест зад воланот на возилата сепак ќе има возачи.

„Влегуваме во непозната територија кога се во прашање автономните автомобили. Ова е возбудлив чекор за јавен пилот со амбиција да им овозможи на луѓето да им овозможи да седат во автономниот автомобил во секојдневен сообраќај“, вели Питер Мертенс од Volvo, за Guardian.

Тестовите сепак нема да бидат потполно без ограничувања, така на патиштата нема да има велосипедисти, пешаци и сите возила ќе возат во иста насока. За возачите има едноставни правила: мора да бидат трезни и да можат да ја преземат контролата врз возилото доколку биде потребно.

Досега Volvo тестираше можности за едно водечко возило, при што останатите учесници можат да се приклучат на колоната со што автомобилот ќе започне да го следи лидерот, најчесто професионален возач. Друга опција која ја предлага Volvo се магнетни патишта кои во прво време би биле замена за автономните возила. Очигледно во Volvo нема недостаток од идеи, а со автоматизацијата компанијата ќе со обиде до 2020 година, до кога ќе треба да се осигураат дека патникот нена да биде сериозно повреден или да загине во нивните автомобили.

[youtube]v9D2N4Gp3wY[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments