0 коментари 3 мин. читање 15 јануари, 2016

САД оддели 4 милијарди долари за платформа за автономни возила

Администрацијата на Барак Обама најави десет годишен план вреден 4 милијарди долари во првата година, со единствена цел – поддршка на технологијата за автономни возила и преполнување на улиците со паметни автомобили. Првата цел на планот е развој на рамка за автономна технологија во следните шест месеци, јави Inhabitat. Потоа ќе следи зголемување на конкуренцијата, а за оваа цел во буџетот за 2017 ќе бидат одделени 4 милијарди долари. Веста ја соопшти секретарот за транспорт, Ентони Фокс, на саемот за автомобили во Детроит.

Она што ќе го овозможи овој план е намалување на опасностите, но и униформност на технологијата. Google соопшти дека возачите на нивите автономни автомобили морале да ја преземат контролата врз возилото 13 пати во период од 15 месеци за да избегнат незгода. Возачот ја презел контролата повеќе од само овие 13 пати, но во другите 69, немало опасности. Ова се случило додека автомобилите изминале 682.895 километри, што може да се каже дека е голема бројка на потенцијални сообраќајни незгоди бидејќи се работи во лабораториска средина. Повеќе автономни автомобили во рацете на обични корисници во моментов може да предизвикаат поголем број сообраќајки.

Најголем дел од незгодите во кои учествуваат автомобилите на Google се предизвикани од неавтономни возила или други возачи. Доколку не се создаде рамка за сите модели на автономните возила со која тие ќе можат меѓусебно да комуницираат, токаш не само возачите и пешаците, туку и останатите автономни возила би можеле да бидат потенцијална опасност. Со воведување на јасни правила опасностите во иднина ќе бидат намалени. Освен Google извештаи доставија и Tesla, Nissan, Mercedes-Benz, Delphi, Volkswagen и Bosch, јави BBC.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top