4 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Girls in Tech Macedonia ве водат на платени пракси во Силициумската долина

Girls in Tech Macedonia, глобалната организација која сака да ги мотивира девојките поактивно да се вклучат во ИТ индустријата, најави дека влезе во соработка со Silicon Valley Internship Programme (SVIP) со што ќе им овозможи на девојки-членки на организацијата да одат на платени пракси во компании сместени во Силициумската долина.

Станува збор за работни позиции со полно работно време и целосна плата во времетраење од една година, а избраните девојки ќе можат да работат со стартап компании, соработници на SVIP, за да ги развијат своите ИТ и претприемачки вештини. Но, иако програмата сака да поттикне претприемништво, сепак критериумите за влез се малку специфични – треба да имате диплома во софтверско инженерство или слична дисциплина и да знаете да кодирате барем во еден програмски јазик.

Успешните кандидатки ќе бидат платени до 60.000 долари годишна плата за нивната работа во компаниите во Калифорнија, и благодарение на SVIP ќе добијат и помош при визата, патувањето и сместувањето за првиот месец. Апликациите веќе се отворени, а интервјуирањето и поврзувањето со соодветни стартап компании ќе се случува на почетокот на 2016 година. Избраните кандидатки ќе се преселат во Силициумската долина на крајот на август/почеток на септември 2016 година.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top