ИТ настан: Финална рунда на CodeFu 2012

Во недела, 10.06.2012 во просториите на клубот Ентернет ќе се одржи финалната рунда на CodeFu 2012.

CodeFu е натпревар во програмирање наменет за студенти, апсолвенти и постдипломци. Главниот натпревар се состои од две квалификациски онлајн рунди и една финална рунда која се одржува во клубот Ентернет. Најдобрите 32-ца натпреварувачи кои ќе постигнат најдобар резултат на двете квалификациски онлајн рунди добиваат право на учество во финалната рунда.

Финалната рунда се состои од решавање на пет алгоритамски задачи за време од три часа. Најдобрите тројца натпреварувачи, покрај правото да се фалат дека се најдобрите програмери во Македонија, освојуваат и влезница за Меѓународната конференција за модерна софтверска уметност Jazoon 2012 која се одржува од 26-28 јуни 2012 во Цирих, Швајцарија. Сите трошоци (пат, сместување, итн.) за најдобрите тројца натпреварувачи се покриени од организаторот на натпреварот.

Во текот на годината, покрај главниот CodeFu натпревар, се одржуваат и три сезонски натпревари, community натпревари во кои проблемите ги поставува еден од учесниците на CodeFu, како и shortest solution натпревар во кој се бара најкратко решение за проблемите од претходниот натпревар. Календарот на сите натпревари е објавен на веб сајтот.

Најдобрите тројца програмери на CodeFu 2011 – Бојан Костадинов, Игор Кулев и Васја Павлов:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk