Мicrosoft го претстави xBox Smart Glass контролерот наменет за таблет компјутери и телефони

Уште на самиот почеток на годинешниот Е3 го имаме и првото изненадување. Иако никој не очекуваше оваа година Microsoft да презентира хардвер тие го покажаа својот нов Xbox контролер Smart Glass. Контролерот всушност и не е само хардвер бидејќи работи на апликациско ниво и го интегрира Xbox со таблет, паметен телефон или со двете.

Оваа интеграција овозможува да префрлате видеа од таблет на телевизор (преку Xbox), а потоа таблетот да го користите за дополнително интерактивно запознавање со локациите, ликовите или приказната од филмот или серијата која ја гледате. Во делот за играње апликацијата овозможува да го користите таблетот како контролер на допир или како дополнителен екран на кој ќе можете да поставите статистики или дополнителна мапа за поголема прегледност. Конечно од оваа година корисниците на Xbox ќе добијат и Internet Explorer, а поврзувањето на конзолата со Smart Glass ќе го направи прегледувањето на содржини на интернет и навигацијата со Internet Explorer на телевизор поудобно отколку што тоа е случај сега.

[youtube]5QLPDPn9zbU[/youtube]

Идејата зад апликацијата е значително да го подобри прегледувањето на интернет содржини кај телевизорите чии сопственици имаат и Xbox. Со самото ова Smart Glass не претендира да биде гејминг контролер иако има некои извонредни примери каде е употребен и како контролер за играње. Сепак главната цел е да го подигне нивото на забава на сопствениците на Xbox и да ja редизајнира конзолата како целосен „Home Entertainment“ центар.

Според најавите Smart Glass ќе работи и со PC на Windows 8, Windows Phone или iPad. Датата на излегување е непозната, но тешко е да се претпостави дека ќе биде пред излегувањето на Windows 8.

[youtube]JknjrjwyZZY[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk