Можеби ви звучи неочекувано, но Microsoft претстави апликација за Android додека се обидува да ја популаризира својата Windows Phone платформа. Project on{X} е веб-сајт и апликација само за Android паметни телефони која им овозможува на корисниците да ги автоматизираат своите обврски во текот на денот и да заштедат на време. Сервисот е креиран од израелски програмери, кои работат за Microsoft на пребарувачот Bing, но и истражуваат нови начини како да го подобри корисничкото искуство со користење на сајтови и апликации.
Корисниците може да изберат различни акции, како што се „вадење“ на полначот од телефонот, детектирање на нова Wi-Fi мрежа, автоматско испраќање на SMS пораки и уште еден куп други работи. Самата апликација веќе нуди преддефинирани акции, а за понапредните корисници е достапно и JavaScript API со кое ќе може самите да ја прошират функционалноста на on{X} која може да ги искористи различните сензори на телефоните, камерите или микрофонот за да информира за задачите.
За да започнете, ќе ви биде потребно да ја преземете апликацијата од Google Play и да се најавите со вашиот Facebook профил. Потоа, од официјалниот сајт ќе можете со визуелен интерфејс да ги уредувате и задавате нови задачи.
[youtube]qfLMTsIJsoo[/youtube]









Nice App