2 коментари 2 мин. читање

ИТ настан: Еуролинк дава 3.000 евра за најдобрата Аndroid апликација

Еуролинк осигурување организира натпревар за најдобра демо мобилна апликација. Натпреварот трае од 7 мај до 15 септември, и е отворен за сите поединци-програмери, студенти, ученици, компании или унииверзитети.Демо мобилната апликација треба да претставува своевиден водич низ урбаниот живот во Скопје, односно да содржи информации за културните случувања, но и за актуелните места за излегување, „афтерворк“ забави, ресторани и кафулиња, концерти и музички настани, вински и улични фестивали.

Услов за учество е креираната апликација да биде Android и да биде водич за урбаниот живот во Скопје. Првата награда е 3.000 евра кои победник може да ги инвестира во довршување на демото, но ќе се потпише и договор за префрлање на авторските права на апликацијата на Eurolink. Главната награда ќе биде доделена врз основа на иновативноста и оргиналноста на решението, дизајн на кориснички интерфејс и функционалност, интеграција на Android платформата, применливост на апликацијата на домашниот пазар, употребна вредност на апликацијата за крајниот корисник, степенот на искористеност на расположливите Android технологиии, интеракција со социјални мрежи и перформанси на апликацијата.

Според Eurolink, конкурсот има за цел да ја афирмира креативноста, а истовремено и да ги награди добрите идеи, како и да ја прошири базата на корисни апликации на македонскиот пазар за корисниците на паметни телефони од сите генерации. „Токму затоа, употребливоста на апликацијата на локално ниво ќе биде еден од клучните критериуми за освојување на наградата. Очекуваме оние кои ќе аплицираат да понудат оригинални, функционални и одржливи решенија со кои новите дигитални технологии ќе ги стават во функција да помогнат во промоција на културните институции, како и за промоција на местата за забава во главниот град, за тие да привлечат поголем број на посетители“, изјави Олга Костовска.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top