0 коментари 2 мин. читање 7 мај, 2015

Апликација на денот: Провери колку си испил со Алко за Android

Алко е нова македонска апликација за Android направена од Никола Петровски и Ребека Димитриевска. Се работи за мобилна апликација која е симулација на алко-тест, односно, како што е објаснето, врз основа на неколку внесени параметри се проверува нивото на алкохол во крвот. Велиме дека е симулација на алко-тест бидејќи апликацијата ги вади резултатите врз основа на предетерминирани вредности на видови алкохол.

Апликацијата не може со точност да ви каже колку сте пијан, иако пред да ја користите ја внесувате тежината, полот и колку сте испиле. Сепак Алко е корисна апликација за да проверите колку сте пијани вие или вашиот пријател пред да седнете зад волан, пред се, и доколку сте во забранетата граница од 0,5 промили, тогаш Алко ќе ви сугерира такси компании за превоз до дома.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top