Dota 2 Macedonia ги поканува сите заинтересирани гејминг ентузиајсти и DotA 2 фанови да се пријават за учество на престојниот онлајн турнир. Учесници на турнирот ќе бидат првите 27 пријавени тимови и 5 тима до кои е испратена покана, помеѓу поканетите тимови се Next Please! Gaming (Романија), EntiTY(Македонија), MyInsanity(Србија). Интересно овој пат потребен влог за учество на турнирот се ретките предмети кои ги собирате во играта. Победникот добива 60 отсто од вложените предметите и бесплатно учество за LAN натпреварот во август кој ќе биде дополнително допрецизиран; а освојувачот на второто место ќе ги добие преостанатите 40 отсто предмети. Пријавувањето трае до 5 мај или до пополнување на местата.
„Овој турнир е онлајн, а LAN турнирот ќе се одржи во југоисточна Македонија, во Струмица, Богданци или Гевгелија““, вели Миле Граматиков од Dota 2 Macedonia. „Се уште самостојно ги организирам турнирите, но во план ми е да направам организација под име Dota 2 Macedonia. На турнирот учествуваат четири професионални екипи, кои играат на светски познатите турнири… Очекуваме супер игри и голема гледаност.“
Во светот турнирите за MOBA игри, како DotA и League of Legends, стануваат се поголеми со наградни фондови со милионски суми, и полека, поради интерес од играчите кои се собираат на најразлични турнири, во реалниот свет или онлајн, но и поради големата гледаност и публика, го приближуваат е-спортот до традиционалното разбирање на спортот.
[youtube]cDHQb00Rv6Y[/youtube]







