iPhone 5S сега е достапен и во Vip

0 коментари 1 мин. читање

Покрај T-Mobile кои до сега беа единствениот оператор кој ексклузивно го продаваше iPhone, сега и Vip ќе го продава телефонот на Apple, поточно постариот 4S од 8GB и најновите 5S и 5C со по 16, односно 8GB. Како и кај T-Mobile, цените на iPhone зависи од Vip тарифите. Пример, најновиот iPhone 5S може да го имате за 20.000 до 40.000 денари според месечните претплати. Секако, овие телефони може да се најдат и во други продавници како Duna, iStyle и куп други, но таму ќе го купите само телефонот, додека кај операторите добивате договори за минути, интернет и пораки, секако зависно од тарифите и операторот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top