Python со Костадин Ристовски: Python за финансии 2

Avatar img-thumbnail img-circle

во Совети

Во моментот, серијата туторијали поврзани со Python за финансии содржи 9 видеа во времетраење од нешто помалку од 3 часа. Ова е второ видео од оваа серија со фокус на визуелизација на податоци на берза и криптовалути.

Серијата започнува со краток вовед и инструкции како да се добијат историските цени на криптовалути, како и на акциите на компаниите кои тргуваат на големите берзи. Овие пристап за добивање на информации се користи во наредните видеа од серијата.

Вториот дел е наменет за визуелизација со кој почетници би можеле да прикажат одредени податоци.Наредните 3 видеа покриваат т.н. технички индикатори (MACD, RSI, Bollinger bands) кои се користат при тргување со финансиски инструменти.

Видеото број 6 покрива креирање на графикон на кој се прикажани дневните почетни, крајни, најниски и највисоки цени на одреден финансиски инструмент.

Серијата продолжува со туторијал посветен на настани кои имаат големо влијание на финансиските пазари, како финансиската криза и КОВИД-19.

Последните 2 видеа покриваат корелација и портфолио оптимизација. Секако, да се има знаење во областа на финансии помага, но не е задолжително за следење на серијата.


Напомена – текстот го напиша Костадин Ристовски, тој е автор и на туторијалите.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Во моментот, серијата туторијали поврзани со Python за финансии содржи 9 видеа во времетраење од нешто помалку од 3 часа. Ова е трето видео од оваа серија со фокус на анализа на податоците од претходните две видеа кои се однесуваа на преземање на податоци и на крипто-валути и акции. […]