Samsung претстави два нови огромни телефони, Galaxy S6 Edge+ и Note 5

во Мобилни, Хардвер

Samsung ќе се обиде да ги намали загубите со два нови џиновски телефони. За разлика од конкурентите, јужнокорејскиот гигант иако е лидер на пазарот, сепак бележи последователни загуби во изминатите два квартали. Но, како беше најавено на големoт настан во Њу Јорк, Samsung се надева дека новите Galaxy S6 Edge+ и Note 5 ќе ги зголемат продажбите.

Двата телефони имаат 5,7 инчни екрани, малку заоблени; имаат метална рамка и доаѓаат со Samsung Pay, сервис за плаќање кој стартува во Јужна Кореја и САД како одговор на Apple Pay и Android Pay. Имаат сличен изглед како претходниците, 4GB RAM, најнова верзија на Exynos процесори 16 мегапиксели камера. И двата телефони имаат нова функционалност за стримање на 1080p видео во живо. Иако има огромни екрани, Note 5 доаѓа со пенкало, со кое според Samsung може полесно да се движите низ телефонот. Но, ако ви се допаѓа идејата за нов Note 5 со кул пенкало, тогаш ќе мора да го побарате од други континенти, бидејќи Note 5 нема да биде достапен во Европа. Цената на уредите се уште не е откриена, но ќе бидат во продавниците во Азија и САД од 21 август.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk