{mosimage} Најдобрите 125 студенти по ИТ од државните и приватните факултети ќе добијат стипендии од вредност од 5.500 денари. Министерот за образование Никола Тодоров изјави дека со ова младите ИТ професионалци ќе станат конкурентни на домашната и светска сцена.
„Во светот, квалитетното образование е најзначаен сегмент за развој и унапредување на општеството и иднината на државата. Најсигурен начин за успехот и перспективата на младите е инвестицијата во образованието, која има повеќекратен повратен ефект. За таа цел, мораме да инвестираме во образованието, обуката и развојот на кадри од областа на информациско-комуникациските технологии.“ рече министерот Тодоров.
Стипендиите се доделуваат на студенти кои постигнале одлични резултати во прва, втора и трета година од студиите.
Интернет-киосци во руралните средини
За 6 месеци ќе се отворат 680 интернет-киосци во руралните средини, пишува Kirilica.
Со киосците луѓето од руралните средини ќе добијат бесплатен WiFi интернет за наредниве 4 години.
„Со воведувањето на 680-те киосци сакаме бенефитите од современите технологии да ги уживаат и граѓаните од руралните средини. Очекуваме Македонија уште еднаш да биде пример за останатите држави со оглед на тоа што намалувањето на дигиталниот јаз и електронската инклузија се приоритет на ниво на Европа.“ рече ИТ министерот Иво Ивановски.
Додатно за читање – Зошто е потребен интернет по селата?
Дигитализација на културното наследство
Македонија ќе започне да го дигитализира културното наследство, потребно е само да се направи соодветна сратегија, се рече на јавната расправа за правење национален планза дигитализација на културата.
„Од особена важност за реализација на оваа програма е и формирањето на Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство, со подршка од Владата на Италија и UNESCO.“ рече Драган Недељковиќ, заменик-министер за култура.






