{mosimage} Пет радио новинари ќе се изолираат во куќа во француско село за 5 дена и само со пристап само до Тwitter и Facebook ќе се обидат да објавуват актуелни и веродостојни вести. Забрането им е пребарување низ интернет, а најверојатно нема да користат телефон за да ја потврдат веродостојноста на вестите.
На двете друштвени мрежи има вкупно 400 милиони корисници кои споделуваат најразновидни информации секоја секунда.
„Овој експеримент ќе ни даде преглед во митовите што постојат околу Facebook и Twitter. Наша цел е да покажеме дека тие се
различни извори на информации и да ја прегледаме веродостојноста на тие извори.“ вели Хелена Жуан, уредник на France Inter,
радио станицата која праќа еден од петте новинари.
Јас парите би ги ставил дека Twitter ќе произведе повеќе вести, прво бидејќи веќе се потврди како квалитетен извор во неколку наврати, и второ бидејќи на Facebook профилите се приватни, а квалитетна информација е како барање игла во сено од квизови, слики и други забавни апликации. Но, ќе ги видиме резултатете од експериментот на петте новинари кои можете да го пратите тука.







