Проблеми со Google за македонските корисници

во ИТ.МК

{mosimage}

(Надополнето: Од Марнет ни потврдија дека доменот не е исклучен заради долгови и дека именските опслужувачи функционираат нормално…)

Од вчера вечер, македонските корисници на Google Accounts имаат проблеми со логирањето и одлогирањето во сервисите на Google како Gmail, AdWords, AdSense, Analytics, Docs и други. Проблемот се должи на тоа што откако ќе побарате да се логирате или одлогирате, сервисот ве преусмерува на домен Google.mk/ИД-на-сесија… кој ви задава проблем.

Бидејќи нема никакви официјални информации засега, претпоставувам дека неуспешното редиректирање се должи најверојатно на проблеми со DNS серверите. Google.com.mk и Google.mk се регистрирани македонски поддомени од страна на Google, по случката со Бени од Чаир. Проблем може да биде и тоа што последната фактура за Google.mk
која е со датум од 13-04-2009, според регистарот на МАРНет не е платена од страна на претставникот на Google во Македонија, адвокатската канцеларија Пепељугоски.

{mosimage}

Дека проблемот е присутен кај поголем број корисници покажа и македонската Twitter заедница:

{mosimage}

Засега, кога ќе го добиете неуспешното пренасочување, за да може да продолжите нормално со користењето на сервисот, преземете ги овие чекори:

  • Кога ќе се логирате/одлогирате и го добиете проблемот, стиснете го Back копчето во вашиот прелистувач, често се случува да бидете успешно редиректирани во тој случај
  • Во линкот "http://www.google.mk/accounts/Logout…" додадете му ".COM" на "google.mk", односно сменете ја адресата во "http://www.google.COM.mk/accounts/Logout…". А може и да го смените ".mk" во ".com"…

Доколку имате повеќе информации или коментари, пишете ги во коментарите. Од наша страна, го контактиравме Google со цел да видиме што се случува… и официјално и неофицијално. :)

Надополнување 12:50:
Од МАРнет ни потврдија дека доменот Google.mk е функционален, односно не е исклучен заради неплатени долгови и на наше барање исто така беше тестиран DNS серверот, кој функционираше нормално. Што значи, грешката е некаде кај Google…



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk