0 коментари 2 мин. читање

ИТ.МК: Family+ на T-Мobile, сајбер криминал, транспарентност…

{mosimage} Прегледувајќи ги вестите наидов на интересна понуда од T-mobile со која се нудат бесплатни мобилни и фиксни разговори, како и adsl интернет од 10GB, за членовите на едно семејство. Зависно од пакетот корисниците ќе можат да вклучат бесплатни разговори кон 6 мобилни телефони.

Не знам колку пари би заштедила една фамилија, зависи кој колку троши телефон, но понудата е навистина интересна и ќе
овозможи поголема комуникација меѓу членовите на фамилијата. Плус да не го забораваме и вклучениот интернет.

{mosimage}

Единствената неповолност со овој Family+ пакет е што бесплатните мобилни разговори се само кон претплатниците на T-mobile. Во секој случај, интересна понуда која може да отвори поголема конкурентност меѓу провајдерите во нудење на поповолни и поекономични услуги за едно семејство.

Повеќе детали на сајтот на T-mobile.

Интернетот овозможува транспарентно владеење

Министерството за информатичко општество објави краток осврт за неодамнешната e-Society ’09 конференција во кој го потенцираше потенцијалот на интернетот да „отвара нови канали за вклучување на граѓаните во процесот на носење одлуки.“

„Намалена корупција, поголема транспарентност и зголемена информациска безбедност при остварување на правата и обврските се очекуваните резултати. Разбран на овој начин концептот на е-Влада ќе претставува не само поддршка во работењето на администрацијата туку и значаен фактор за одржлив развој на целото општество.“ изјави ИТ министерот Иво Ивановски.

Министерот најави и дека владата ќе развие јавни сервиси за дебата и „партиципација во демократскиот процес на донесување одлуки“.

Размена на искуства со Германија за сајбер криминалот

Во Потсдам, Германија се одржуваат „Охридски разговори“, програма која започна во 2005 година, а е програма за отварање соработка со министерствата за внатрешни работи на Македонија и германската сојузна држава Бранденбур.

На оваа средба најмногу се разговарало за размена на искуства во борба против сајбер криминалот, бидејќи се нова форма на криминал која нема граници, пренесува МИА.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top