{mosimage}Европската комисија вчера го казни производителот на микро-чипови Intel со 1.06 милијарди евра поради монопол и манипулација на пазарот. Одлуката е донесена по истрагата на Европската комисијата против монопол на пазарот кои откриле дека Intel меѓу 2002 и 2007 година им плаќал на производители на компјутери и трговците на мало да ги форсираат нивните производи наместо тие на AMD, ривалот на Intel.
„Intel оштети милиони европски потрошувачи преку годините со намерно одстранување на конкурентите од пазарот за компјутерски чипови. Ова сериозно и продолжено кршење на ЕУ правата за монопол не може да се толерира“ рече европскиот комесар за конкурентност Ниеле Кроес.
Во 2004 Eвропската унија го казни Microsoft со 500 милиони евра заради монопол. Но таа казна не е ништо споредена со 1.08 милијарди кои Intel треба да ги плати. Затоа рекцијата нa Intel е поплака на казната. Подпретседателот на Intel, Брус Севел, ги негираше сите обвинувања.
{mosimage}
Сепак против Intel се сериозните докази на Европската комисија која открила дека на Media Saturn Holding, најголемиот дистрибутер на електроника во Европа, му било платено, од октомри 2002 до декември 2007, да продава компјутери со Intel чипови. Било откриено дека Intel со договорени попусти ги придобивал и другите дистрибутери.
Во еден случај Комисијата открила дека AMD му понудил 1 милион бесплатни процесори на еден дистрибутер кој ги одбил бидејќи со тоа ќе го изгубел попустот на Intel. На крај дистрибутерот зел само 160.000 AMD процесори бесплатно.
Intel се мешал и во договорите на прозиводителите на чипови и AMD. Koмисијата вели дека Intel ги наградувал производителите за да го одложат или прекинат правењето на одредени AMD продукти.
Intel, кој држи 80% од пазарот наспроти 12% на AMD, е казнет со 1.08 милијарди евра вредна казна, израчуната на основа на продадените x86 процесори. Во 2007 година Intel направил профит од околу 28 милијарди евра.






