{mosimage} Неколку македонски факултетити добија 9 милиони евра вредна донација од Autodesk и OSA-Računarski inženjering, кои се овластени дистрибутери на Autodesk за Mакедонија, Србија и Црна Гора.
Вредната донација опфаќа софтверски пакети за проектирање и визуелизација на проекти поврзани со техничките науки и е наменета за четирите факултети на Универзитетот „Кирил и Методиј“ и тоа: Машинскиот факултет, Електротехничкиот, Градежниот и Архитектонскиот факултет, како и за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и University American College од Скопје.
Донацијата ќе се искористи да се опремат 400 работни места на трите универзитети со околу 3.300 поединечни програми наменети за идните инжинери.
„Ова ќе им овозможи на студентите да бидат во тек со најновите достигнувања во проектирањето и визуелизацијата, а воедно ќе резултира со висок квалитет на професионални кадри.“ рече министерот за образование Никола Тодоров.
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}






