Колку ни е важна онлајн реалноста?

{mosimage} Сите сме онлајн. Сите информации ги споделуваме онлајн. Сите можат да ги прочитаат нашите пораки и да ги видат сликите. Документите ги закачуваме на онлајн сервиси. Купуваме онлајн. Наскоро ќе гласаме онлајн… Денес, сите сме јавни личности. Но, тоа го правиме само бидејќи сакаме да се поврземе со пријателите, да комуницираме со другите, да споделиме информација, да дознаеме што се случува…

Со сета наша вклученост на интернет, дали онлајн реалноста ни е толку важна, што ги игнорираме ризиците?

  • Друштвени мрежи, Twitter, Facebook… – можеби сме поврзани со пријателите, но сме поврзани и со непознати луѓе. Популарноста и бројот на пријателите за некои луѓе е важна. Но што ако дел од нив се криминалци, манијаци, педофили, фанатици и други лудаци… И тие како и сите знаат што работите,
    што правите, што сакате, што имате…

{mosimage}

  • GPS технологија и локација – мобилните имаат GPS. Има друштвени мрежи на кои можете да ја споделите информацијата: каде сте, со кого сте… Ако криминалец сака да ви влезе дома, ќе треба само да види каде сте преку некоја друштвена мрежа.
  • Една лозинка за сите сервиси – Колку повеќе веб сервиси користиме, толку повеќе лозинки треба да запаметиме. Затоа логичното решение е 1 лозинка за сите сервиси. Една лозинка е полесна да се запамети. Но една лозинка е полесна да се открие, отколку да се пробијат неколку, нели?
  • Веб сервиси – Со cloud computing концептот нема потреба од инсталирање софтвер, туку сите веб сервиси ќе бидат онлајн.
    Сите документи ќе ви бидат на тие сервиси. Ќе работите поефикасни, побрзо и подобро, но токму поради веб сервисите настрада Twitter кои користат сервиси како Google Docs.
  • Кредитни картички – Се работи за технологија која е навистина корисна, онлајн шопингот може да ви заштеди пари и време, но понекогаш и чини повеќе ако некој друг дојде до тие податоци.

Ова звучи застрашувачки. Но, колку од вас размислуваат за ова? Можеби кога користите кредитна картичка, но не и кога споделувате слика на Facebook? Никој од нас не размислува за ризиците бидејќи онлајн интеракцијата со пријателите и колегите ни е интересна и важна.

„Приватноста е мртва, а друштвените мрежи го држат пиштолот кој се чади.“ пишува Пит Кешмор, 22-годишниот блогер и основач на популарниот ИТ блог Mashable

Тој во својата колумна пишува за како друштвените мрежи и нашите онлајн контакти ни ја одземаат приватноста, наведувајќи примери како Twitter, Flickr, SenseCam и други сервиси кои ја „убиваат“ приватноста.

Но, за него прашањето не е дали треба да сме загрижени и дали треба да ги игнорираме тие сервиси, туку колку ни се тие потребни и дали ќе постоиме ако не сме онлајн?

„Во ова поврзано време, приватниот живот е осаменички живот“

Ако размислиме добро, тој e во право. Прашајте се зошто сте онлајн. Ако не закачите слика, ако не споделите информација со пријателите, вие исто како да не постоите. Ако немате профил на Facebook, нема да знаете на кои журки и настани ќе одат вашите пријатели. Нема да ги видите најновите слики од нечија роденденска забава, новороденото дете, нечиј одмор… Ако
постирате дека работите нешто, можеби вашите пријатели и соработници ќе се понудат да ви помогнат. Но ако не споделите информација, слика, видео, тие нема да знаат што се случува со вас. Токму поради комуникацијата, 90 отсто од македонците се онлајн, покажува анкетата на
ДЗС.

„Учествувај, или избледи во заборав.“ вели Кешмор.

Ние самите ги споделуваме тие информации. Да, сакаме да се дружиме, но можеби и треба да си зачуваме дел од приватноста.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk