ИТ.МК: 21 лаборатории за ФЕИТ

во ИТ.МК

{mosimage} Факултет за Електротехника и Информациски Технологии (ЕТФ) во Скопје ќе добие нови 21 лабораторија за натамошно подобрување на практичните знаења на студентите, најави министерот за информатичко општество Иво Ивановски при денешната посета на ФЕИТ.

Дел од лабораториите ќе бидат обезбедени до крајот на годинава, а останатите во текот на наредната.

„Со нивното ставање во функција ќе се подобри нивото на практично знаења на студентите на eлектротехничкиот факултет, каде практичниот дел е доста применет.“ вели министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Тој потсети дека приватниот сектор постојано апелира да се подобри практиката кај студентите, за да бидат корисни кадри на работните места.

„На Македонија и се потребни способни млади кадри кои откако ќе излезат од образовниот систем ќе можат диретно да се вклучат во економијата, да придонесат во нејзиниот развој, односно да можат да го пренесат знаењето кое го стекнале во студентските денови.“
вели г-дин Ивановски.

Важноста на практичните знаења министерот Ивановски
ги истакна пред студентите на ФЕИТ во предавањето што го одржа на тема „Ефектот на интернетот врз развојот на светот“.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments