IT Кариера Профил | Ненад Милевски

ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот.


1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?

Мојата позиција во компанијата е технички Проект менаџер во Digital Present и сум вклучен речиси во сите процеси кои се одвиваат во компанијата. Еден аспект од моите одговорности е комуникацијата со клиентите, како во фазата пред добивање на проектот, така и во текот на проектот каде со редовни состаноци на неделно ниво известувам за прогресот на работата. Друг важен елемент во кој сум секојдневно вклучен е работата со дизајн и девелопмент тимот. Планирање на проектите и техничките пристапи за секој проект поединечно зависно од потребните на клиентот, креирање таскови и спринтови, дневни состаноци за планирање и известување за сработеното се само дел од моите активности.

2. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување 😃)

3. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?

Првиот мој контакт со програмирањето беше уште во моите средношколски денови каде дел преку предметот информатика, а дополнително и преку почетен курс за програмирање се запознав со основите на програмските јазици. Потоа моето образование продолжи на ФЕИТ каде постојано учев и се запознавав со алгоритми и структури на податоци како и разни програмски јазици и технологии се до моето дипломирање.

Денес како Проект менаџер немам директен контакт со програмирањето но секако ми е од голема помош тоа што имам солидно техничко познавање и можам да се вклучам во процесите на планирање на проектите и дефинирање на функционалностите при работењето. 

Мојот став во поглед на програмирањето е дека формалното образование како факултет или курсеви треба да биде само основа за почеток, а секој кој сака да биде добар програмер мора постојано да се надоградува и да учи на своја рака.

4. Кои се 5-те сајтови кои највеќе ги посетуваш?

5. Омилена алатка/софтвер?

Jira Software, Discord, Slack

6. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…

Доколку се одлучите за програмирањето како професија бидете подготвени дека станува збор за динамична средина каде што е потребно редовно да се надградувате за да бидете во тек со најновите технологии. Трендовите многу брзо се менуваат и многу често се случува познавање од само една технологија да не биде доволно за сигурен просперитет на долгорочен план. Сега живееме во време каде што polyglot програмерите имаат предност во однос на останатиот кадар.

Не се приврзувајте за конкретна синтакса/програмски јазик. Фокусирајте се на концептите, структурите, алгоритмите. Имајте во предвид дека секој почеток е тежок и не се откажувајте. Потребно е време, труд, упорност но на крај успехот се исплаќа.

7. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…

Постојано учење и надградување е клучот. Не се фокусирајте само на код т.е. технологија. Техничкиот дел е само едно делче од целата сложувалка која ве дефинира како личност и ја одредува вашата вредност на пазарот на труд.

Бидете спремни да се справите со конфликти, тесни рокови, притисоци и неразумни желби и барања од страна на клиентите. Имајте на ум дека не секогаш клиентот знае што сака и како да го постигне тоа. Нашата улога како алка помеѓу клиентот и development тимот е токму за изнаоѓање на компромис и одење по правиот пат за постигнување на целта.  

Користете ја креативноста, давајте иницијативи и предлози. Најбитно од се, менаџирајте го добро вашето време, но и времето на останатите членови на тимот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments