Наместо да ги фрламе старите компјутери на кои не може да се играат најновите игри, а кои сè уште се одлични компјутери на кои може да се сурфа на Интернет и да се учи за технологијата, подобро би било да ги подариме на тие на кои најмногу им ги треба. На форумот на IT.com.mk е отворена тема за „Помош на деца без родители“ преку која форумџиите, предводени од gOJDO а.к.а Кирил Ачкоски, се организираат да им подарат компјутер на две деца, одлични ученици, кои растат сами без родители.
„Доколку го склопиме компјутерот и останат парични средства, истите ќе ги пренамениме за училишен прибор и книги кои им се потребни на децата“, вели gOJDO. „Доколку има ресто делови, ќе ги чуваме за да склопиме компјутер кој ќе го доинраме на други деца на кои навистина им е потребен и го заслужуваат. Однапред благодарам на сите хумани и совесени форумџии“.
До сега се собрaни околу 5.000 денари и доста различни делови за компјутерите. Доколку имате да донирате слободно пишете на форумот.
Коментари
36 коментари
Коментарите се затворени.