Паметни телевизори, часовници, фрижидери, кафемати, клима уреди… речиси секој апарат има барем една паметна верзија која ќе биде постојано поврзана на интернет. Во иднина овие уреди ќе имаат постојана потреба од надградба на оперативниот систем, безбедносни закрпи, а и надградба поради промена на технологијата, вели Ars Technica во својата не баш оптимистичка анализа.
Проблемот доаѓа од навиките кои ги имаат производителите на најголем дел паметните уреди Samsung, LG па и Apple, досегашните паметни уреди ги креираат за двогодишен циклус, а тогаш наместо продолжување на поддршката ги прекинуваат уредите. Новите апликации не работат, нема поддршка за новоизнајдени безбедносни дупки и слични проблеми. Најголемиот проблем е замената на оперативниот систем кој најчесто е на двогодишен циклус, но телевизорите, фрижидерите и слично се уреди кои се наменети за подолг период, па дури и кога се купува нов телевизор стариот најчесто оди во некоја друга соба. Но што ако по промената од H.254 на H.265 кодек производителот одлучи да не го надгради софтверот?
Дури и ако можете да си дозволите телевизор секоја втора година, ретко кој би размислувал да го замени својот автомобил поради престанување на софтверска поддршка. Доколку станува збор за безбедносни пропусти блокирање на кочници од страна на хакер би биле навистина сериозен проблем.
Со оглед на тоа дека нема сомневање дека Интернет на нештата е чекор во вистинска насока останува едно можно решение. Производителите на уредите ќе мораат да се обврзат на надградба и апдејт на софтверот во целиот животен циклус на производите, можно е „паметниот дел“ на уредите да биде поставен во кутија која лесно ќе може да се замени и ќе чини мал дел од цената на целиот телевизор, автомобил и слично. Во спротивно подобро за корисниците ќе биде да се одлучат за помали паметни додатоци кои ќе ги заменат функциите на поскапите уреди.