Стив Џобс ја предвиде револуцијата на компјутерите уште во 80-тите

во Свет

Без сомневање човекот кој долго време беше икона на Apple, Стив Џобс е еден од најголемите визионери последниве триесетина години. Иако дел од Интернетот го смета за „разубавувач“ на веќе постоечките уреди, сепак можноста да согледа што сакаат корисниците и што ќе биде актуелно за 10-20 години го направи Apple еден од технолошките гиганти. Ова се потврдува и на видеото од 80-тите кое неодамна го сподели Wired, во кое г. Џобс зборува за уредите на иднината. Видеото е дел од колекцијата на Музејот за Комјутерска историја е донација на Реџис Мекена. Голем дел од презентацијата е историјат за почетоците на Apple и раната соработка со г. Вознијак, но и проблемите како недостаток на компјутерска писменост со која се соочуваа осумдесетите.

„Не верувам дека компјутерите некогаш ќе станат непотребни, во иднина Apple ќе има поголем број производи“, вели г. Џобс, користејќи споредба со возилата. “Сите возила се користат за превоз, некој превезуваат стока, некој луѓе, најавувајќи различни уреди за различни корисници во зависност од потребите, идеја која конечно се реализира со излегувањето на iPhone пред 7 години. Иако г.Џобс можеби не мисли на денешната ситуација кога имаме, паметни часовници, паметни телефони, лаптоп, таблет или десктоп компјутери се чини дека можеби и ненамерно ја предвиде иднината, специјализиран уред во зависност од тоа што им е потребно на корисниците.“

[youtube]0lvMgMrNDlg[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
novica
12 years ago

Ова е право предвидување. Ѕирнете: http://www.dodgycoder.net/2012/11/the-slow-declin… former CTO of MS.