ИТ.ЕУ: Заштита на корисниците и интернетот

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Европската комисија ќе започне истрага за тоа како прелистувачите и компаниите кои нудат онлајн услуги ги чуваат собраните податоци за корисниците. Истражителите најмногу се загрижени за техниките со кои интернет провајдерите можат да ги следат корисниците и покрај тоа што тие ги бришат „веб колачињата“.

„Тргувањето на личните податоци во замена на веб-базирани сервиси се почесто станува норма според која компаниите си го градат бизнис моделот. Комисијата сака да се осигура дека луѓето се свесни за ова и дека тие не се измамени во давање повеќе од тоа што сакаат“ рече Хелен Каернс, портпаролот на Маглена Кунева, европскиот комесар за потрошувачки прашања.

Главниот проблем се „Условите за користење“ со кои корисниците се обврзани при користење на сајтот. Пример за тоа се неодамнешните промени на тој документ од страна на Facebook, кои предизикаа лавина реакции по што друштвената мрежа се повлече од идејата.

{mosimage}

„Не беа регулаторите кои ги приметија промените на условите на Facebook, туку еден од 175-те милиони корисници“ рече г-ѓа. Каернс.

Освен „Условите за користење“, проблем за приватноста се податоците односно историјата на претражувањето кои прелистувачите како Google, Yahoo!, Microsoft ги чуваат. На пример, Google ги чува сите ваши пребарувања во последните 6 месеци "заради истражувањa", Yahoo! и Microsoft од последните 9. Колку и да се тие заштитени, сепак многу сајтови и онлајн сервиси го прават истото, воглавно за искористување на рекламниот потенцијал.

Заштита од сајбер-напади и прекини
„Информатичкото општество носи безброј нови можности и наша должност е да се осигураме тие да се развијат во цврста и издржлива основа. Европа мора да биде во преден план во ангажирање на граѓаните, бизнисите и јавната администрација да се справи со овие предизвици за подобрување на безбедноста и отпорноста на важната информатичка структура на Европа. Не смее да има слаби карики во европската сајбер безбедност“ рече Вивиан Рединг, евро-комесарот за ИКТ.

За справување со сајбер-криминалот и несакани природни последици кои можат да предизвикаат прекин на мрежата, Комисијата предлага:

  • Спремност и превенција – иницирање кооперација и размена на информации меѓу ЕУ членките. Основање на European Public-Private Partnership for Resilience, што ќе овозможи на бизнисите да споделат искуство и информации со јавните власти. И јавниот и приватниот сектор треба да работат заедно да се одржат соодветни и постојани нивоа на превентива, откривање, итност и надоместување
  • Откривање и реакција – поддршка на споделувањето на информации и европски систем за предупредување.
  • Ублажување и надоместување – треба да се стимулира појака соработка меѓу европските членки преку национални и мултинационални планови за итно справување со несакани ситуации и редовни вежби кои ќе опфатат големи мрежи и ќе симулираат напади и штети.
  • Интернационална соработка – водење на дебата во Европа за поставување на
    отпорност и стабилност на интернетот, чии принципи ќе бидат објавени интернационално
  • Поставување критериум за европската критична инфраструктура во ИКТ секторот



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments