{mosimage}Оваа недела беше објавен Open Cloud манифестот кој поставува неколку принципи за поотворена иднина на cloud computing. Овој манифест беше правен во тајност и требаше да биде потпишан од сите поголеми компании. Но кога се објави, меѓу потписниците не беа Google, Amazon, Microsoft и Salesforce.com. Интересно се повлекла и Cloud Computing Interoperability Forum, самата организација која го креираше манифестот.
Причините се уште не се јасни зошто овие компании се повлекле, но има нешто што им е заедничко. Google, Amazon, Salesforce и Microsoft се лидери во cloud computing технологијата која овозможува целиот софтвер да биде онлајн. Најголемите критики за манифестот дојдоа од Microsoft
“Тоа што слушнавме е дека нема желба да се дискутираат, уште помалку да се имплементираат, подобрувањата на документот и покрај фактот што го научивме преку дирекно искуство. Неодамна приватно ни покажаа копија од документот, не предупредија дека е таен и ни рекоа дека мора да биде потпишан ‘како што е’, без измени или допишување. Ни изгледа дека една компанија, или само неколку компании, сакаат да ја контролираат еволуцијата на cloud computing, спротвино на постигање концензус меѓу главните акционери и cloud корисниците, преку отворен процес. Отворен Манифест кој се појавува од затворен процес е најмалку ироничен“ напиша Стив Мартин, менаџерот на Microsoft на блогот на Microsoft.
{mosimage}
Иницијатор на манифестот е IBM и истиот е потпишан од голем број компании, листата можете да ја видите тука.
"Задоволни сме од бројот на компаниите кои потпишаа. А што се однесува до Microsoft, се уште сме отворени за соработка за да им понудиме на корисниците флексибилност кои тие ја очекуваат од отворена технологија." изјави Карла Норсворти, потпретседател за софтверски стандарди на IBM.






