ИТ.ЕУ: Онлајн коцкање, маркетинг и е-здравје

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Европската унија побара од САД да ја тргне забраната за странското онлајн коцкање бидејќи тоа ги прекршува правилата за трговија. Од 2006 година, во САД се забранети странските интернет сајтови за обложување, и со тоа се блокираа и европските кладилници/сајтови за коцкање да имаат пристап до 4 милијарди вредниот американски пазар, или со други зборови половина од светското онлајн коцкање е во САД.

ЕУ ќе бара начин преку Светската трговска организација (СТО) да се тргне тој бан, но сега за сега нема да ги тужи САД иако според правилата на СТО тоа можат да го направат.

Инаку ова барање на ЕУ е по иницијатива на европските коцкарски компании кои велат дека е нефер тие да немаат пристап до американскиот пазар, а американските компании да можат да оперираат во Европа.

Европски онлајн маркет
Европското Биро за интерективен маркетинг објави нови податоци за онлајн рекламирањето во Европа во 2008 година. Онлајн рекламирањето во Европа расте, во 2008 година има пораснато за 20% но поради економската криза се бележи застој на тој раст.

„Ова е најлошата година за рекламирање во било кој медиум. Онлајн секторот не е имун и имаше тешка година. Разликата е што забележа мал раст“ се вели во истражувањето.

Европскиот пазар за онлајн рекламирање во 19 земји достигна 12.9 милијарди евра во 2008 година, 20% раст споредбено со претходната година. Лошо е што во 10 најразвиени пазари кои што прават 90% од 12.9 милијарди евра, беа под 20% раст. Просекот е достигнат со големото развивање на онлајн рекламирањето во помалите земји како Словенија каде тоа достигна раст од 77 отсто.

{mosimage}

Најчестото рекламирање било рекламирањето кај пребарувачите со 43 oтсто, пораст од 41 отсто во 2007 година, додека рекламирањето преку кратки огласи порасна на 26 отсто од 17 отсто во 2007.

{mosimage}

{mosimage}


Е-здравје
Европа сериозно размислува за воведување на е-здравје, односно онлајн систем каде ќе бидат вклучени националните и регионалните здраствени мрежи кои ќе ги содржат податоците за пациентите. Таа мрежа ќе содржи и онлајн услуги како издавање на лекови, истражување, јавно здравство.

Друга цел на е-здравјето е големиот пазар, кој моментално вреди 20 милијарди евра, кој преку онлајн услугите ќе продолжи да расте. Но сето ова се дискутира и „прашања има многу“ како што вели Герард Комин, кој го води „ИКТ во здравје“ одделот на Европската Комисија.

За повеќе информации и размислувања за е-здравје во Европа тука.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk