Исклучи пиксел за подобро утре

во Хардвер

{mosimage} На иницијатива на организацијата GreenPeace Бразил на светско ниво започна нова кампања која пропагира исклучување на квардат од 50 px на 50 px на вашиот CRT или плазма монитор. Со тоа би се намалила потрошувачката на електрична енергија и емисијата на штетни гасови во атмосферата. Ова пак би придонело за забавување на климатските промени на глобално ниво.

Дали и колку електрична енергија заштедуваат 2500 исклучени пиксели?
Според калкулациите на членовите на GreenPeace Бразил, еден исклучен 50 х 50 px квадрат од вашиот монитор би штедел 0,057 вати на час. Доколку во акцијата се вклучат милион луѓе заштедата би изнесувала 57.000 вати на час. Ова е еднакво на 142.540 ватни светилки со што емисијата на CO2 во воздухот би се намалила за 70 килограми.

Доколку и вие сакате да се вклучите во овој проект, симнете го и инсталирајте го софтверот од страната на „Black Pixel Project“.  Со цел да не пречи во секојдневната работа можете да го преместувате по работната површина и добивате информации за тоа колкава е заштедата на електрична енергија само од корисниците на овој софтвер.

{mosimage}

Поради начинот на кој работат LCD мониторите со овој софтвер нема да може да се заштеди енергија.

Видео презентација:

На сличен ваков начин пред некое време и Google се обиде да заштеди електрична енергија со објавувањето на црната верзија на најпопуларниот интернет пребарувач.

Доколку се прашувате дали бојата има врска со намалувањето на потрошувачката на електрична енергија тогаш одговорот е – Да. Мониторите трошат многу помалку електрична енергија за приказ на црната отколку на белата боја.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk