0 коментари 2 мин. читање 25 ноември, 2009

ИТ.ЕУ: Одобрени телеком реформите

{mosimage} Европскиот парламент конечно ги одобри Телеком реформите кои секоја ЕУ земја-членка ќе треба да ги примени до 2011 година.

„Ова ќе отвори нови можности за телеком операторите, за преку-граничните комуникациски сервиси како и за европските приватни и бизнис корисници. Ова ќе даде нова сила на европската дигитална економија.“ вели Вивиен Рединг, евро-комесарот за ИКТ.

Во реформите се споменува и дека интернетот е основно право што значи дека контроверзното исклучување од интернет на пиратите по 3 опомени не може да помине без судење.

Меѓу реформите се право на корисникот да смени мобилен провајдер за 1 ден, а да го задржи стариот број. Во просек поминува 8 дена за да се смени провајдер. Се воведуваат реформи и за подобро информирање на корисниците за услугите, заштита на податоците на корисникот, воведување на еден број за итна помош 112, поголема независност на националните регулатори и ќе се воведе ново европско тело која ќе ја регулира конкурентноста и отвореноста на пазарот.

Повеќе за реформите можете да прочитате на europa.eu.

{mosimage}



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top