ИТ.ЕУ: Корисничките податоци ќе се чуваат 1 година

во ИТ.ЕУ

{mosimage}По бомбашкиот напад во Лондон во 2005 година, Европската Унија започна да размислува за складирање на податоците на корисниците, нивните е-маил и онлајн телефонски разговори, за национална безбедност. Тој план не наиде на соработка со провајдерите и телеком компаниите, па ЕУ се реши да ја обнови Data Retention Directive регулативата и од вчера сите интернет провајдери МОРА да ги сочуваат корисничките податоци една година.

Ова доаѓа како надополнување на регулативата со која телефонските компании мораат да ги чуваат податоците до 12 месеци. Од безбедносниот аспект сето ова има смисла. Криминалците, терористите ги користат новите технологии да се „дружат“ и организираат, пример е Skype во Италија. Исто така содржината на телефонскиот разговор или е-маилот нема да биде складирана, туку само ќе се чува информацијата кој со кого разговарал. А властите ќе имаат пристап до истите само со судски налог.

Но гледајќи на оваа директива како на обичен корисник без криминални активности, нели е ова нарушување на приватноста, иако Македонија не е членка на ЕУ, но има потенцијал да биде? Според групите за заштита на приватноста оваа регулатива е „луда“.

"Не верувам дека луѓето се свесни за импликацијата на овој потег. Тоа значи дека се што правиме онлајн или на нашиот телефон ќе им биде познато на властите. Тие го користат ова да го направат најдеталниот и најголемиот систем за набљудување“ рече Симон Дејвис, директорот на Privacy International.

Оваа директива не е проблем само за приватноста. Интернет провајдерите се пожалија за додатните трошоци за таквото складирање. А некои земји сериозно размислуваат за усвојување на ваква директива. Шведска комплетно ја игнорираше, моментално се дискутира во Германија, а во Британија владата ќе им ги надомести трошоците на провајдерите.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments